Дезинсекција против комарци ќе се врши во првата недела од јули

Од Центарот за јавно здравје-Охрид информираат дека поради неповолните временски услови теристичката (од земја) дезинсекција против комарци, најавена за оваа седмица на територијата на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, се одложува за наредната, прва седмица во месец јули 2018. За точниот период на вршење на дезинсекцијата Центар за јавно здравје навремено ќе ја извести јавноста.
Strugaonline

