Весникот „Пензионер плус“ и веб – страницата на Сојузот на здуженијата на пензионери на Македонија ( СЗПМ ) одбележаa десет години од своето постоење. .По повод јубилејот, на 26-ти јуни во Скопје се одржа свечена седница.
„Пензионер плус“ се печати веќе десет години и е бесплатен весник кој го издава Сојузот на здруженија на пензионери. Иницијатор за негово основање и печатење е претседателот на СЗПМ , Драги Аргировски.
– Се печати во шест илјади примероци и се дистрибуира низ цела Македонија,поточно во 53 здруженија и над 400 клубови. Во него има една страница на албански јазик, а го читаат 250 илјади пензионери и нивни семејства – изјави претседателката на комисијата за информирање на СЗПМ и главна и одговорна уредничка на „Пензионер плус“,Калина С . Андонова.
Андонова посочи дека во овој весник може да се прочита за активностите на Сојузот, на здруженија, но и разни написи за здравје и забава, како и други значајни информации за случувањата и новините во земјава, како и за новини во здравствениот систем.
– Имаме најголема дописна мрежа,од околу 50 дописници. Иако не станува збор за професионални новинари, сепак тоа се лица со богато работно искуство зад себе. Покрај „Пензионер плус“, имаме и други изданија, едно во весникот „Нова Македонија“-„Пензионерски видици“ и едно во весникот „Коха“а тие можат да се прочитаат и на пензионерската веб-страница – додаде Андонова.
На крајот на свеченоста, уредникот на весникот на сите новинари од пензионерските весници како и на присутните гости им врачи по еден примерок од нејзиониот прв роман „Татко“ во издание на Сојузот на пензионери на Македонија.
Teкст и фото: Стојан Кукунешоски
Strugaonline
Facebook Коментари