Бебето најдено пред домот за доенчиња во Битола е згрижено

- Македонија
843

Ноќеска, во 01.50 часот од страна на претставник на Центарот за социјална работа Битола и полициски службеници, во домот за доенчиња во Битола е сместено новороденче од женски пол, примено од страна на медицинската сестра.  Новороденчето веднаш по приемот е однесено во ЈЗУ Клиничка болница-Битола на детален преглед при што е констатирана  добра општа здравстена состојба. – информираат од МТСП

Од  таму додаваат дека Министерството за труд и социјална политика ги презема сите мерки во насока на заштита на новороденчето и обезбедување на соодветна грижа.

Strugaonline

Facebook Коментари