Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, вечерва со почеток во 19:00 часот на кинорепертоарот ќе се прикажува филмот „ Скршено“. Влезот е 100 денари.
Овој нискобуџетен филм со почетен капитал од 500.000 евра, е проект на копродуценти од Албанија, Франција, Италија, Грција и Македонија, што се реализира преку новоформираната филмска компанија „Балкан Синема Ситис“.
Јани Буди, откако излегува од затвор во Анкона, се качува на брод да се врати во својата татковина – Албанија. Потоа се качува на воз до Тирана и додека патува не го препознава пејзажот. Шета по улица која е исто така многу променета и доаѓа до својата стара куќа која ја нема видено осумнаесет години. Од своите стари комшии ја дознава шокантната вистина: жена му умрела откако бил уапсен, а син му Анди станал богат и корумпиран политичар. Како оваа приказна ќе кулминира ќе имате можност да видите вечерва.
Strugaonline
Facebook Коментари