
Научете повеќе за локалните урбани легенди галопирајќи по живописната Струга
Сте јавале ли некогаш на коњ? Ако не сте пробале или ви било тешко, сега заборавете на тоа. Тука не ви се потребни посебни физички вештини, нити пак коњ. Тука е потребна една главна особина, љубопитност! Таа ќе ве однесе на многу места, знајни, незнајни, скришни, магични, мистични, за некого можеби многу познати, ќе ве доближи на поинаков начин до местата и луѓето кои можеби секојдневно ги одминувате,а не им обрнувате внимание. Ќе се запрашате: која е вашата идеална Струга? Ќе дознаете зошто како Струга нема друга и најважно, ќе се дружите, за на крај да се закитите со титулата „Струшки јавач“.
ДримОН 6 нуди единствена можност преку уникатен и креативен концепт да ги научите тајните на истражувачкото новинарство. Не за џабе стои зборот АВАНТУРА; ова е оригинален пристап и комбинација на едукативни и забавни алатки, преку кои кај младите истражувачи ќе ги провериме и способностите за снаоѓање во просторот, истовремено, црпејќи од нас многу знаење. Авантурата е во времетраење од 4 дена почнувајќи од 26-ти до 29-ти јули.
„На повикот ќе имаат шанса да се пријават сите оние кои наполниле минимум 9 години, а не се постари од 15 години. ДримОН ги охрабрува да се пријават сите деца од цела Македонија, па и пошироко, кои периодот ќе престојуваат во Струга.
Се што треба да направите е да ни пратите ваше име и презиме, возраст, град на мејлот [email protected] најдоцна до 20-ти јули. Во истиот mail ќе пратите и ваш креативен одговор на следното –Зошто би сакал да станеш струшки јавач? Ги очекуваме вашите податоци и одговори. По завршување на повикот, очекувајте повратен mail со резултати.
Партиципација за авантурата е 300 денари по член.
Ве охрабруваме да ни се придружите, зошто сме сигурни дека ќе ви пружиме незаборавно искуство за прераскажување, особено кога за водич го имаме прекрасниот, талентираниот, полиглотот, одличниот педагог и едукатор, воедно и реномиран универзитетски професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, а тој е…ајде нека остане изненадување за вас. Побрзајте, местата се ограничени.“ – мотивираат организаторите
Strugaonline
Facebook Коментари