Oд денеска, па се до 8-ми јули 2018 репрезентативците на ЏК „Дрим“ од Струга Mарио Нелоски -42 кг и Христијан Глигороски -73 кг. ќе настапат на Балканското првенство во Џудо за пионери кое се одржува во Никшиќ, Црна Гора.


„На нашите репрезентативци им посакуваме многу среќа и се надеваме дека и двајцата ќе ја претстават нашата држава Македонија и ЏК „ДРИМ“- Струга во најдобро светло ќе се вратат со златен медал.“ – велат од клубот
Џудо Клуб ДРИМ Струга и понатаму докажува дека е репрезент за квалитет и успех на македонското џудо.
Strugaonline
Facebook Коментари