(ВИДЕО):Незадоволни фанови го каменуваа автобусот на бразилската фудбалска репрезентација

Бразилски навивачи го каменуваа автобусот со кој фудбалската репрезентација се врати во земјата по настапот на Светското прванство во Русија.
Бразил беше елиминиран од Белгија во четвртфиналето, a за дел од фановите на тимот тоа очигледно не е прифатливо.
На видеото може јасно да се види како навивачите го сопираат автобусот и фрлаат камења и други предмети, а потоа полицијата реагира и ги растерува незадоволни фанови.
Бразилските медиуми објавија дека за време на каменувањето на автобусот, за среќа никој не е повреден.
Strugaonline

