На втората фестивалска вечер од 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва со почеток во 21:00 часот ќе настапи охридскиот народен театар.
Ќе биде одиграна претставата „Стаклена менажерија“, работена по текст на Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева. Премиерата на претставата беше на почетокот на јуни, по повод седум годишнината од постоењето на театарот како национална установа.
Станува збор за автобиографско дело на Вилијамс првпат поставено 1944 во Америка. Претставата е семејна драма, доминантна е мајката, која што го управува семејството и ги води своите деца во една емоционална бездна. Ова театарско остварување дава повик дека послабите во општеството треба да се почитуваат.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.
Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот.
Извор: ОхридПрес/Strugaonline
Facebook Коментари