Во текот на изминатите неколку денови, екипите на ЈП„Комунално“ Струга од секторот за уредување на јавните зелени површини ги продолжија своите активности за редовното уредување на тревните површини, дрворедите и цветните леи во градот, како и на кејовите на реката Црн Дрим.-информираат од ЈП „Комунално“- Струга
Од таму додаваат дека активностите се реализираа на повеќе локации во градот.
Во рамките на тие активности, екипите на ЈП„Комунално“ Струга извршија кастрење на гранки – уредување на крошните на дрвјата, косење на тревните површини и садење цвеќа – дополнување на цветните леи долж шеталиштата на кејовите.
Strugaonline
Facebook Коментари