Изминатиов викенд во водите на Охридското езеро во Струга се одржа државното првенство во едрење во класа Ласер Радијал во организација на Едриличарскиот клуб СНЕГАР и Едриличарска Федерација на Македонија. Натпреварот се одржа на градската плажа во Струга и на неа учествуваа едриличари од двата соседни града Охрид и Струга. Условите за едрење беа добри, се одржаа 5 трки на ветар од 2-3 бофори од јужен правец. Во генерален пласман најдобар беше едриличарот на ЕК Снегар Струга, Илија Јовчески, втор беше Дамјан Поп Стефанија од ЕК Пират Охрид додека трето пласиран беше младиот едриличар од Струга – Слободан Кутаноски.
Овој натпревар е еден од низата настани кои струшкиот клуб Снегар успешно ги реализира. Следуваат Ohrid Lake Sailing Cup part 2 – Struga на кој учесниците се натпреваруваат со јахти од 5 до 8 метри како и Меѓународната Илинденска Регата која оваа година по подолго време добива меѓународен карактер.
Facebook Коментари