Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и СОС Детско Село Македонија ја отпочнаа кампањата „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат загрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија на грижа за семејно опкружување на ниво на заедницата наспроти институциално згрижување.
Поради тоа се информираат и се покануваат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани на 20.07.2018 година, во 17:00 часот во Сала на советници на општина Струга на источна страна од кафичoт „Релакс“ каде ќе се одржи Кампања за згрижувачки семејства.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари