Лев банер Десен банер

Во Струга се одржа петтата седница на Советот на Југозападниот плански регион

Вчера во салата на Совет на Општина Струга се одржа петтата седница на Советот на Југозападниот плански регион. На состанокот присуствуваше амбасадорката на УНДП г-ѓа Луиза Витон која ја презентираше гран шема од проектот „Подобрување на општинското владеење“ .

На седницата на која учествуваа градоначалниците од општините Струга, Охрид, Вевчани, Дебарца, Центар Жупа и претставници на општинската администрација, едногласно беше поддржан предлог- проектот за изработка на документација за воспоставување на регионален стационар за кучиња скитници кој ќе биде финансиран од презентираната програма на УНДП.
Пред градоначалниците од регионот се обрати и министерот за странски инвестиции г-дин Бардул Даути.

Strugaonline

фото: Општина Струга

 

error: