Поп-пејачката Александра Јанева го објави второто видео од летниот проект #summerjam. По „Херој“ овојпат слушаме женска верзија на хитот на Лозано – „Километри“.
Членовите на бендот 2Be повторно се погрижија за комплетниот звук и тоа, аранжманот е на Тино Стојановски кој ги свири и гитарите, Синиша Зукиќ е на кахон, а Љупче Стојановски ја придружува Александра како вокал.
„Видеото е обично, но симболично за песната. Баш вака ги минуваме нашите празници и викенди, патувајќи низ Македонија“, вели Александра Јанева.
Последните 15 месеци, 2Be и Александра активно настапуваат низ Македонија. На почетокот на јули го објавија првото видео од проектот за преработки на дел од најдобрите домашни и светски хитови.
Strugaonline
Facebook Коментари