Македонската младинска репрезентација вчера ја извојува највисоката победа во првото коло на ЕХФ-шампионатот (дивизија “Б“) што се игра во Скопје, па, сосема очекувано, задоволен од прикажаното беше и селекторот Данило Брестовац.
“Среќен сум што победивме со повисока разлика. Тоа е она што го посакувавме и го остваривме. Ова беше прв натпревар, го одигравме рутински, направивме многу ротации, но на крајот заслужено убедливо победивме. Се беше коректно од наша страна, очекувам на следните средби да биде уште подобри, формата да ни се крева како што ќе минува времето. Онаа одбранбена зона што јас ја преферирам, со многу преземања, со многу антиципација, денеска функционираше многу добро и очекувам во ист стил да продолжиме и на наредните дуели“, рече Брестовац.
Извор и фото: РК Металург
Strugaonline
Facebook Коментари