Дваесет и двајца спасители на вода оваа туристичка сезона ќе се грижат за безбедноста на капачите на Струшките плажи- информираат од Црвен крст. Секретарот на Црвен Крст Струга, Адуриме Даути, упати апел до граѓаните и туристите кои ги посетуваат плажите во Струга, да не одат подалеку од обележаните зони кои ги обезбедуваат обучените спасители. Ова посебно важи за сите кои не знаат да пливаат. Даути исто така истакна дека доколку родителите со мали деца имаат некаква потреба од помош можат да се обратат на спасителите кои ќе им излезат во пресрет. Исто така, за поголема безбедност, важно е пловните објекти да бидат надвор од капалиштата.-потенцираат од Црвен крст Струга
Безбедноста за време на туристичката сезона е од исклучителна важност затоа што, за жал, во последниве години имаше трагични настани кога Охридското езеро однесе и жртви.
Претходно, Советот на Општина Струга заедно со градоначалникот Мерко донесоа забрана за користење на педалинки, наведувајќи дека на тој начин ќе се намали опасноста од давење и ќе се спречат трагедии.
„Издавачите на педалинки, кои иако се забранети во Струга, сепак можат да се видат на крајбрежјето, да издаваат безбедносни елеци и да не ги користат капалиштата за овие пловни објекти.“ вели Адуриме Даути.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари