Започна пријавувањето за Турнирот во мал фудбал ,,Драслајца 2018“

Започна пријавувањето за Турнирот во мал фудбал по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, ,,Дрaслајца 2018“. Заинтересираните можат да се пријавуваат најдоцна до 09.08.2018 до 20:00 часот на телефонските броеви: 071 272 568 и 078 839 223. Учеството на турнирот чини 3000 денари. Организаторите информираат дека турнирот ќе се игра во 4+1 комбинација, а секоја екипа треба да биде сочинета од 10 играчи. Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 10-ти август во младинскиот дом со почеток во 20:00 часот. На денот на извлекувањето ќе биде објавен и датумот на почеток на турнирот, а финалниот натпревар ќе се игра на 28.08.2018-та година.
Strugaonline

