Кривична пријава заработи поранешен директор на ЈП „Македонски шуми“, Јабланица Струга

- Локални
1076

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 48-годишниот Ж.Б. од струшко Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– На 9-ти март 2015 година, пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ – Подрачно шумско стопанство Јабланица од Струга, на приватна фирма од Струга, за период од шест месеци и отстапил на користење три објекти во сопственост на јавното претпријатие, без да биде наплатен надомест за користење на објектите. Исто така, на 3-ти април 2015 година, пријавениот склучил договор со истата фирма за испорака на буково огревно дрво во вредност од 440.041 денари, без да биде извршена уплата од страна на купувачот. Во текот на 2018 година, при редовен попис на средствата, во јавното претпријатие бил констатиран кусок од 793 кубни метри огревно буково дрво. Со овие дејствија пријавениот му нанел материјална штета на ЈП „Македонски шуми“ во износ од 1.499.241 денари, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари