Ограбена обложувалница во с. Лабуништа

- Локални
894

На 02.08.2018 година во 10.45 часот во Полициското одделение Велешта, М.М. (31) од Струга пријавил дека во периодот од 23.00 часот на 01.08.2018 до 10.30 часот на 02.08.2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во обложувалница во с.Лабуништа.

– Сторителот, со употреба на сила влегол во обложувалницата и од сеф одзел 66.200 денари, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. – информираат од МВР

Извор: МВР

фото: архива

 

Facebook Коментари