Физички нападнат и ограбен таксист во Охрид

- Локални, Хроника
908

31-годишниот Љ.Ј., возач во охридска такси компанија, рано утрово, околу 04:25 часот пријавил дека бил физички нападнат и дека било извршено разбојништво врз него во 04:15 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид.

– Тој бил физички нападнат од страна на три лица кои претходно со такси возилото ги возел од дискотеката „Парк“ до булеварот „Туристичка“. При излегување од такси возилото, трите непознати лица физички го нападнале ударајќи го со тупаници, по што му одзеле 15.000 денари. Од ударите пријавителот се здобил со повреда на левата аркада и оток околу левото око. Повредите се констатирани во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари