Свирка во чест на Стефан Голабоски вечерва во Струга

- Локални
1173

И оваа година, на летната сцена при Домот на култура “Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи свирка во чест на Стефан Голабоски. Ќе настапат Balter, Balkan Jam i Five Fingers.
Свирката во чест на Стефан ќе се одржи  вечерва со почеток од 21:30 часот.

Стефан Голабоски беше одличен тапанар и прекрасен млад човек кој зрачеше со позитивна енергија. Стефан Голабоски беше член на групата Decadence, а настапуваше и со други бендови. Важи за едно од оние музички имиња кои допринесуваа за развој на културата и рок музиката во Струга. Заедно со Дејан Јанкоски, Стефан беше организатор на музичките фестивали „Дојди вежбај“ и „Дојди веслај“.

Strugaonline

Facebook Коментари