Жител на Љубаништа кривично ќе одговара за „незаконит лов“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит лов“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 56-годишниот З.С. од охридското село Љубаништа.
– На трети ноември минатата година, на забрането ловиште од Национален Парк „Галичица” во атарот на селото Љубаништа, со поставување на челична сајла, тој извршил заловување, односно ранил и фатил мечка – крупен дивеч под заштита, што според Законот за ловство е трајно забрането. По овластување од дежурен Јавен Обвинител, извршен е увид при што констатирано е дека, пријавениот, во местото „Подграде” кај Љубаништа, неовластено поставил три челични сајли-„примки” на кои се фатила мечката. Истите се подигнати и предадени на вештачење, а ветеринарни техничари од ветеринарната болница Скопје, извршиле успивање на мечката, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: архива

