Лев банер Десен банер

Театарска претстава „Во Агонија“ од Мирослав Крлежа вечерва на „Охридско лето“

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва, со почеток во 21:00 часот ќе се игра претставата „Во агонија“.

Славната драма на Крлежа, дел од трилогијата за Глембаеви, е поставена како жесток судир на тројца луѓе. Во фокусот на безвременската приказна за љубовниот триаголник и подемите и падовите во општеството, се сензитивната и разочарана сопственичка на кројачки салон Лаура Ленбахова, нејзиниот интимен пријател, адвокатот Иван Крижовец, кој успеал да се снајде во новонастанатите општествени ситуации и мажот на Лаура, пијаница и коцкар, бивши затвореник и потполковник, баронот Ленбах. Лаура ја игра Нела Кочиш, Иван Крижовец – Озрен Грабариќ, а барон Ленбах – Дарко Стазиќ.

Претставата не се препорачува за публика под 18 години.

Извор и фото: Охридско лето

Strugaonline

error: