Денеска започнува Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“

- Локални, Спорт
1671

Денеска започнува 46-то издание на  традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“, на  кој оваа година учествуваат шест странски и две домашни екипи.

Организаторите најавија дека оваа година турнирот ќе блесне во нов сјај и тоа го остварија. Пред неколку денови беше поставена нова подлога на ракометниот терен кој и после турнирот ќе остане за потребите на РК Струга.

На овогодишниот турнир ќе настапат осум екипи поделени во две групи. Првата ја сочинуваат Еурофарм Работник, Целје, Бешикташ и Тулуз, а во втората група ќе се натпреваруваат домаќинот Струга, Железничар, Доброгеа Суд Костанца и Алингсас.

На ден пред финалето ќе се одигра и Суперкупот на Македонија, меѓу Вардар и Металург (18 август од 21:00 часот).

Средствата од билетите ќе бидат наменети за хуманитарни цели односно за потребите на билницата „Дијализа“ и во амбулантата на спортска медицина – Струга.

Турнирот официјално ќе започне денеска во 17:30  со првиот натпревар помеѓу екипите ма  Железничар и РК Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари