Македонија за прв пат имаше свој претставник на Светската олимпијада за геонауки, а тоа e нашиот млад и успешен стружанец Александар Стојчески кој освои бронзен медал. Стојчески дојде до медал во многу силна конкуренција од 150 натпреварувачи од 40 држави од сите 5 континенти (вклучувајќи ги Кина, Јапонија, САД, Австралија, Франција, Италија, Германија, Русија, Кореја, Индија, Индонезија, Мјанмар, Аргентина, Бразил, Шпанија, Португалија, Финска, Чешка, Филипини, Пакистан, Израел, Турција, Малави, Хаити, Тајван и други)
„Како ментор на Александар и Венеса, мое огромно задоволство од нивниот севкупен настап, резултати, активности, воспоставени бројни контакти, примерно однесување и да имаат уште поголеми успеси понатаму во животот“, напиша на својот FB профил менторот на Александар, професорот Ивица Милевски.
Ова не е прво признание за Александар, минатата година заедно со својата сестра Ивона Стојческа тој учествуваше на интернационална олимпијада во Кенија. Александар и Ивона тогаш изработија проект на тема – „Влијание на амбиенталната температура врз ефектот на фотовоалтичните панели“ и освоија златен медал.
Strugaonline
фото: Ивица Милевски fb
Facebook Коментари