Лев банер Десен банер

(ВИДЕО) Погледнете ја ракометната магија на Домен Макуц од „Целје“

Младиот ракометар во редовите на „Целје“, Домен Макуц,  ќе остане запаметен по својата игра на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“ , посебно кога станува збор за мечот со екипата на Тулуз кој се играше вчера. Целје славеше на овој натпревар со резултат 31:29, а Макуц влезе во игра во последните десет минути од натпреварот, постигна четири гола, и изведе неколку значајни асистенции со леснотија која не се гледа често во ракометот.

Домен Макуц во јули годинава наполни 18 години, а познавачите на ракометот му предвидуваат блескава кариера.

Strugaonline

Фото: архива

 

error: