Денеска во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, особено во северните делови од земјава. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 27 до 37 степени. Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со температура која ќе се движи во интервал од 30 до 37 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари