Сања ИЛИЌ и БАЛКАНИКА на ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ

- Забава, Локални
772

Групата  која   годинава учествуваше  на  Евровизискиот  фестивал  во Лисабон  со песната ’’Нови деца’’ како претставник  на Србија,  годинава   ќе  настапи  во официјалната програма  на  ИНтернационалната вечер  од  фестивалот ’’Охридски трубадури’’  и  во шоу програмата  која   следи  додека  жиријата   гласаат.

Сања  Илиќ фронтменот на  ’’ Балканика’’: Секое  доаѓање во древниот  Охрид   буди нови емоции

Сања Илиќ  минатата година  во  Охрид  ја доби наградата  за  животно дело   и  вети  дека  на идниот , јубилеен  охридски фестивал ќе  додје  со својата  група  ’Балканика’.Ветено – сторено.

Песната  ’’ Нови деца“  е  спој на традиционалниот и модерн  звук,  вели Сања  Илиќ, и  сметавме   дека  токму  таква композиција  најмногу одговара за  фестивал  каков што е  Евровизискиот.И покрај сите минуси што ги има, јас сакма да учествувам на изборот за Песна на Евровизија   затоа што тоа е  најголемиот  и најспектаклураниот музички  фестивал во светот.

Александар  Сања  Илиќ  потекнува  од познато белградско  семејство.Негови  прадедовци  биле  Алекса Жујовиќ , Солунец и  народен пратеник и Јован Жујовиќ –претседател на Српската кралска  академија.Бабата  Зора и   дедото  Драгољуб  биле  лекари  додека  татко му Миодраг бил  композитор. Александар и  неговиот  брат  Драган  тргнале по стапките на  татко им – ДРаган   беше член на  групата  ’Генерација 5’’ и уредник  на  забавната рограма на РТС  а Сања- композитор и  водач на  групата  ’Балканика“.Сања  Илиќ  беше оженет  со  артистката  Злата  Петковиќ(  Мис на  Југославија  1984 год и позната по ликот на  Марија  во тв   серијата ’’Враќање на отпишаните).Таа  почина  од мозочен удар  2012 година  а  2016  година тој повторно стапува во брак  со 23 години помладата  Татјана  Карајанов  од  НОви Сад.

Сања Илиќ во доегашната кариера има напишано  околу илјада песни кои ги исполниле познати пејачки  имиња  како Здравко Чолиќ ,Маја Оџаклиевска,Даворин Поповиќ,Бисера Велентаниќ, Габи НИвак Зденка КОвачичек, Дадо Топиќ,Златко Пејаковиќ ….Тој е  автор  на музиката   на повеќе театарски престави , филмови ,  тв   серии  (’Село гори баба  се чешла’’,потоа музичко сценскиот спектакл  ’Константинус Магнус’,мјузиклот ’На слово на слово’, музиката за промотивниот спот на   Фондацијата  Новак Ѓоковиќ.Тој  автор и на химната на познатиот белградски фудбалкси клуб  Црвена  звезда -’’Све  што смо желели, све  што смо хтели, то су нам дали црвено-бели’’ за која  текстот го напиша  Љубивое Ршумовиќ.

-Јас  живеам за музиката и од музиката, вели дипомираниот архитект  Сања Илиќ, Во поранешна Југославија музичарите живееја од   парите заработени на турнеите по Советскиот сојуз.Едно време беа  многу коњуктурни  шпански,мексикански песни, па потоа  грчките. Денес, ако погледнеме  добро, на естрадата не се променило многу  : и  денес  парите се заработуваат во странство.Некогаш   се продаваа плочи и касети, денес  тоа повеќе го нема  ,музиката  се продава во дигитално пакување.

Strugaonline

Facebook Коментари