Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишниот Г.П. од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
– Пријавениот на 12-ти август на улицата „Булевар Македонски Просветители“ со намера да се стекнe со противправна имотна корист, на оштетената С.И. од Охрид од рака насилно и го отргнал најлонското ќесе во кое имало чанта со пари, информираат од МВР.
Извор: МВР
фото: архива
Facebook Коментари