Струшкиот писател Петко Шипинкаровски доби уште едно меѓународно признание. Овојпат, тој е добитник на наградата „Аполон“, што ја доделува градот Сремска Митровица, а ќе му биде врачена на 6-ти ноември во 12.00 часот во зградата на градот Сремска Митровица, што е во рамките наголемите прослави и свечености на Ноемвриските празнувања на општината.
Покрај Шипинкаровски, добитници на наградата „Аполон“ се и: Елка Њаголова, писател од Варна – Бугарија, Бапкен Симоњан, почесен конзул на Република Србија во Ерменија и
Срѓан Малешевиќ, писател од Шид, Република Србија, а им се доделува како резултат на убавото пишување и афирмацијата на пишаната реч, – стои во образложението на жири комисијата.
Наградата „Аполон“ на градот Сремска Митровица е востановена во 1989 година и до сега добитници, за остварувањето во книжевноста и литературата, се од Канада, Австрија, Франција, Германија, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Словачка, Унгарија, Хрватска, Македонија и Србија.
Наградата се состои од доделување на Повелба, односно диплома, и фигура на главата на Богот Аполон излеана во бронза, како прототип на оригиналот што е пронајден крај тврдината на античкиот град Сирмијум, денешна Сремска Митровица, (Аполон не само што е Бог на сонцето, туку и заштитник на пророците, пејачите, на поезија, музика и песна, туку тој е и симбол на убавината).
Инаку, Шипинкаровски е член на ДПМ, почесен член на Друштвото на писателите на Србија, надворешен член на Сојузот на независните пистеле на Бугарија и член на МНД од Битола.
Добитник е на многубројни награди и признанија од Македонија и од странство.
Strugaonline
Facebook Коментари