Меѓународен Атлетски Маратон и оваа година на 8-ми септември во Охрид

- Локални, Спорт
988

Иницијативниот одбор на здружението „Охридски Атлетски Маратон 2012“  и оваа година реши да продолжи со традицијата на одржување на  Меѓународен Атлетски Маратон Св.наум-Охрид во должина од 30км.

И оваа година,  покрај традиционалниот маратон организациониот одбор реши да организира и рекреативна трка на 5км под името „Прва Трка на Независност’ со која би се привлекло повеќе публика на целта,а обезбедени се и симболични награди од фирма со спортска опрема.

„Досега, официјално  за маратонската трка  се пријавени 130 учесници и се очекува да се собори рекордот од минатата година со 147 учесници. Освен од Македонија ќе имаме учесници од Србија, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Унгарија, Америка, Велика Британија, Словачка,Кенија и други. Доделувањето на стартните пакети ќе биде на 07.09. , ден пред трките од 12 до 20 часот во спортска сала Билјанини Извори. За првата трка на независност засега имаме околу 40 учесници но очекуваме бројката да се зголеми.“ -информираат организаторите.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари