Искуствата на Кардиолошки завод Охрид презентирани на престижен Интернационален симпозиум во Белград

- Локални
1028
Од 6-ти до 8-ми септември во Белград се одржа престижниот „ Интернационален симпозиум по интервентна кардиологија и кардиоваскуларен имиџинг “ – Sinergy 2018, на кој учество зедоа бројни еминентни експерти од овие области од Европа, Америка, Јапонија, Кина, Индија и други земји.
Во текот на три работни дена беа преставени најновите достигнувања во овие области од Кардиологијата, а се одржаа и бројни едукативни работилници како и тренинг сесии. На симпозиумот своја лекција одржа и Шефот на Интервентна кардиологија во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ од Охрид, познатиот  кардиолог Др. Никола Бакрачески, кој побуди  доста голем интерес кај присутните кардиолози.
Др. Никола Бакрачески ќе одржи лекција и на најголемиот Конгрес за интервентна кардиологија „ TCT 2018“ кој годинава ќе се одржи во Сан Диего од 20-24 септември.

Facebook Коментари