Македонскиот филм „Златна петорка“ пред струшката публика

- Локални
1167

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга (голема сала), на 16-ти септември (недела), со почеток во 19:00 часот, ќе се прикажува играниот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски. Оваа филмска проекција е дел од проектот Денови на македонскиот филм, во рамките на НОВ КУЛТУРЕН БРАН 2018 година од страна на МЗФП – Здружение на филмски продуценти на Македонија. Влезот е бесплатен.

Маки, Ката и Џиџи се верни другари кои веруваат во своите младешки идеали. Но кога Маки и Ката ја објавуваат својата свршувачка, кај Џиџи се појавува љубомора. Што ќе се случува понатаму, ќе имате можност да видите на самата проекција.

Strugaonline

 

Facebook Коментари