МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во поголемиот дел од земјава времето е облачно и студено, само на североисток има умерена облачност. Во струмичката котлина има ниска облачност и појава на слаба магла. Дува слаб ветер претежно од северен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно, попладне со сончеви периоди особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 0 до 4 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
За време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање и насекаде под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Нови врнежи од снег и дожд се очекуваат од понеделник во вечерните и ноќните часови и во вторник, но ќе бидат локални и со послаб интензитет.
Facebook Коментари