LEAD MK 2018/2019 Информативна сесија во Струга

- Локални
796

На 14-ти септември (петок) во период од 12:00 до 14:00 часот во Локалната Агенција за развој -Струга ќе се одржи Lead MK -информативна сесија.

LEAD MK e современа програма за лидерство и застапување која е креирана да овозможи млади луѓе од Македонија да ги подобрат своите вештини и знаења и преку нив да придонесат за позитивен развој на своето опкружување но и на регионално и национално ниво.

Oваа програма се реализира во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а е спроведувана од Националниот младински совет на Македонија.

Во моментот е отворен повикот за трета генерација на LEAD MK стипендисти на возраст од 18 до 25 години.

На инфо сесијата ќе се запознаете со можностите кои се нудат во оваа програма, како и со досегашните учесници на програмата од Струга кои ќе го споделат своето искуство и импресии од учеството во програмата.  Целосниот повик е достапен на овој ЛИНК.

Strugaonline

 

Facebook Коментари