Хуманитарна акција на Американско катче-Струга по повод сеќавање на жртвите и преживеаните во терористичкиот напад врз САД

- Локални
821

По повод Националениот ден на служба и сеќавање на жртвите и преживеаните, како и на сите оние кои несебично помагаа после нападите од 11ти септември 2001 г., Американско катче Струга, со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, по вторпат организира хуманитарна акција за донирање на храна, облека и училишен прибор.

Донациите ќе се собираат во просториите на Американското катче од 12-ти до 18-ти септември, од 10:00 до 19:00 часот.

Донираната облека треба да биде во добра состојба и чиста, а храната да биде конзервирана/пакувана, со долг рок на употреба. Исто така, потребни се и средства за одржување лична хигиена и хигиена во домот, како и училишен прибор.

„Доколку знаете за семејства или поединци од нашиот град и околината на кои им е потребна помош од ваков вид, ве молиме да стапите во контакт со вработените во Американското катче. Останатите донации ќе бидат распределени преку Организацијата на Црвениот Крст во Струга.“ – велат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари