Шенка Балтоска од Струга е најдобра шахистка помеѓу пензионерките во Македонија – освои златен медал

- Локални
1778

На 23-те Републички пензионерски спортски натпревари на ЗП на Македонија, шахистката од Струга Шенка Балтоска,  во силна конкуренција, помеѓу шахистките од здруженијата на Центар и Карпош од Скопје, Прилеп, Велес, Куманово Струмица, Македонски Брод,  го освои првото место и во Струга се врати со златен медал што и донесе  пласман на шаховската Олимпијада.

Струшката шаховската екипа ја сочинуваа Шенка Балтоска-капитен, Чатарошкоска Надежда и Љуба Јованоска.„Конкуренцијата беше голема, желбата во нас уште поголема и сите сме среќни што успеавме да освоиме златен медал“ – изјави  Шенка Балтоска.

„Во име на сите натпреварувачи сакам да се заблагодарам на претседателот на Здружението Милорад Трпоски, кој ни овозможи секојдневно да се подготвуваме (да играме шах) во Клубот на пензионери во Струга, и слобоедно можам да кажам дека ЗП Струга е едно од најорганизираните здружение во Македонија.“ – потенцираше Балтоска.

Струшката пензионерска шаховска екипа –жени последниве десетина години бележи задоволителен успех благодарение на стандардните шахистки, меѓу кои предначи пензионерката Шенка Балтоска, која успешно се натпреварува во дисциплината шах. Таа досега има освоено повеќе златни, сребрени  и брионзени медали, а најмногу медали има добиено на регионалните спортски натпревари од четвртиот регион, каде што се вбројува меѓу најуспешните по освоени медали.

Шенка  почнала да игра шаx уште од најрана возраст.

Уште при првата игра шахот магично ме привлече, и денес не можам да се оттргнам од него.Впрочем, шахот ми прави задоволство и дава мир , иако за многумина е тежок спорт во кој треба да се внесеш во сите негови предизвици и потези. Уште во Пробиштип ,во мојата фамилија се играше шах. Како девојка успешно настапував за екипата „Рудар“од Пробиштип.  Кога се омажив во Струга 1978 година, продолжив да играм шах во шаховскиот клуб „Стево Балто“. И по пензионирањето продолжив да играм шах и да настапувам за ЗП-Струга. Се додека ме држи помнењето ќе играм шах. – вели Балтоска.

Милорад Трпоски, претседателот на струшкото здружение за неа вели дека е најтрофејната спотртска-пензионерка.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари