По повод педесет години театарска дејност на Христо (Ристе) Миладинов, Драмското студио „Миладин“ организира настан со богата програма. Настанот ќе се одржи во холот на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ , вечерва со почеток во 19:30 часот.
Во рамиките на програмата предвидено е да настапи хорот „Калистрат Зографски“, потоа ќе биде претставен дел од драмата „Сириус“ . Исто така, предвидена е Беседа на Проф.Д-р Протопрезвитер Стефан Санџакоски по повод педесет години од дејноста на Ристе Миладин. Свое обраќање ќе има Лидија Столеска од името на членовите на Драмското студио „Миладин“ , а свој настап ќе има и Христијан Миладинов. Во склоп на настанот ќе бидат доделени благодарници и ќе биде отворена изложбата со фотографии на Ристе Миладин од неговите одиграни улоги во Драмските претстави.
Strugaonline
Facebook Коментари