При сеча на дрва почина работник кај струшкото село Франгово

- Локални, Хроника
1005

На 16-ти овој месец, во Општата болница во Струга било донесено починато лице, кое претходно се повредило при работа, кај струшкото село Франгово.

– По преземени мерки од страна на надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, констатирано е дека се работи за 36-годишниот Бујар Х. од селото Рајце, општина Либражд, Република Албанија, кој бил на работа во месноста викано „Гропа“, во атарот на селото Франгово. Во еден момент, врз него, од висина од околу 10 метри паднало дрво, при што истиот се здобил со повреди и посекотини на главата. Повредениот бил пренесен до селото Мали Влај, каде ги чекала медицинска екипа од Итната медицинска помош од Струга, кои се обиделе да го реанимираат, но истиот не покажувал знаци на живот. Смртта била констатирана во Општата болница во Струга. По наредба на надлежен Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари