„Приказна за хероите во мојот град„ – ПХВ шоу Охрид

- Локални
1158

Црвен крст – Охрид го претставува финалниот производ од овогодинешниот циклус на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), ПХВ ШОУ, кое како круна на одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности ќе биде прикажано на 21.09.2018 (петок) во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, со почеток во 19 ч., а влезот за сите посетители е слободен.

„Не пропуштајте ја можноста да уживате во креативноста и талентот младинците на Црвен крст Охрид,кои го подготвија ова уникатно шоу.“ – велат организаторите.

Програмата ПХВ-ЦКА е национална програма која обучува млади луѓе на возраст од 14-18 години, да изготвуваат проекти со кои помагаат на целни групи на кои им е потребна помош. Младите се дружат меѓу себе, подобро се запознаваат, ги откриваат и зајакнуваат своите способности, таленти и квалитети. Меѓусебно се поттикнуваат и поддржуваат. Се зајакнува  нивната самодоверба, стануваат потолерантни кон останатите, ги јакнат комуникациските вештини и работат тимски. Младите ја изразуваат својата креативност и ја користат во организирањето на активности преку кои обезбедуваат средства за остварување на нивната цел.

Оваа година , 47 младинци кои беа дел од програмата ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ изработија 6 проекти во кои беа директно опфатени околу 50 луѓе и нивните семејства. Обезбедени беа апарати за домаќинство, обезбедени средства за лекување, средства за операција на очи, екскурзија, еколошко катче во градов и многу други мини проекти во проектите кои се реализираа.

Strugaonline

Facebook Коментари