Претставата „Стаклена Менажерија“ во петок пред охридската публика

- Локални
769

На 21-ви септември ( петок), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се игра претставата „Стаклена Менажерија“ од Тенис Вилијамс, а во режија на Софија Ристевска Петрушева.

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби. – вели режисерката Софија Ристевска Петрушева.

Во „Стаклена менажерија“ играат актерите : Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и  Филип Кипровски

Билетите се веќе во продажба и чинат 200 денари. Почетокот на претставата е закажан за 20:00 часот.

Билетарата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 ч.

Strugaonline

Facebook Коментари