Проекција на филмот „Принцот на криминалот” наскоро во Струга

- Локални
824

На 26.09.2018 (среда), со почеток во 19:00 часот, во големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се прикажува проекција на филмот “Принцот на криминалот”. Филмот е дел од проектот Ревија на европскиот филм и влезот е бесплатен.

Филмот “Принцот на криминалот” е вистинска приказна за еден од најмоќните италијански кланови. Растот и падот на кланот Камора во Неапол, преку очите на криминалниот шеф и неговото семејство. Триесет години од животот на човекот, триесет години во историјата на еден од најубавите и контроверзни градови на Земјата: Неапол.
Приказна за Камора, одмазда и жалење: двојниот живот на Марчело Кавани, роден во обично мало семејство во близина на Неапол. По ненадејната смрт на неговиот татко, Марчело се придружува кон Камора по стапките на Џенаро, неговиот постар брат. Марчело е елегантен, страстен млад човек кој ја сака конкуренцијата. Тој се вљубува во Розарија, тврдоглава девојка, а сепак едноставна и правична. Тие се венчаат: Марчело е посветен и вљубен сопруг, беспрекорен семеен човек. Сепак, надвор од неговото семејство, неговиот друг живот како член на Камора полека, но постојано стигнува до точката без враќање. Дали дојде време да плати за сето она што нелегално го стекна?

„Принцот на криминалот” е филм кој не се препорачува за лица под 16 години.

Strugaonline

Facebook Коментари