Maлата Катерина треба да се оперира, потребна и’ е нашата помош, да бидеме хумани!
Малата Катерина Рујковска на 25.10.2018 година има закажано посебен хирушки зафат, пресадување на рожница (шареница), во Специјлната Болница „Свети Вид“ во Београд.

За таа операција потребни се 5000 евра, средстава кои нејзините родители не се во можност да ги обезбедат. Ова е повик до сите хумани граѓани, да и помогнеме на Катерина донирајќи на хуманитарната сметка отворена за неа.


