Царинска испостава-Струга заплени делови за возила и алати

- Локални
1022

Во текот на минатите две недели царинските службеници спречија обид за криумчарење на околу 2 килограми марихуана.

Покрај тоа, во текот на минатите две недели, царинските службеници открија 6 илегални мигранти и спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  делови за возила, алат, возило со бункер, облека, обувки, модни додатоци и фалсификати.

114 литри моторно масло и 11 литри адитив за патнички возила, 10 гуми за патнички возила и земјоделска механизација, 6 парчиња алат (бор-машини, хефталка, брусилка, дигалка и фреза), 2 рефлектори, 26 силикони за стакло и 2 парчиња црева за компресор, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Соединетите Американски Држави, наменета за физичко лице од Дебар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга. Производите, кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Strugaonline

 

Facebook Коментари