Филмот „Темна судбина“ на 28-ми септември пред струшката публика

- Локални
882

На 28.08.2018 (петок), со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се изврши проекција на филмот „Темна судбина“. Филмот е дел од проектот Ревија на европскиот филм и влезот е бесплатен.

Доцна во ноќта, психологот Елиан Хес е повикана покрај болничкиот кревет на 8-годишниот Ив. Момчето е единствениот член на семејството што ја преживеало сообраќајната несреќа. Елиан е ужасната и фасцинирана од судбината на момчето. Се развива невидлива врска помеѓу нив, границите помеѓу приватниот и професионалниот живот почнуваат да избледуваат.
Врз база на романот „Темна судбина“ на Лукас Хартман, филмот ни раскажува нежна, многу необична приказна за припаѓањето и љубовта, истражувајќи го прашањето за вината и невиноста  илустрирајќи ја бестрашната храброст да се соочиме со сопствената судбина.

Strugaonline

Facebook Коментари