Македонија е на 68-та поозиција на септемвриската листа на ФИФА

- Спорт
669

Maкедонската фудбалска репрезентација напредна за две места на септемвриската листа на ФИФА, Македонија со 1344 бодови се најде на 68.-та поозиција. Тоа е всушност и најдобриот ранкинг во последните осум години.

За овој скок, голем придонес имаат победите  што нашите фудбалери ги постигнаа против  селекциите на Гибралтар и Ерменија во Лига на нации

Од нашите ривали во Групата 4 во Лигата Д, Ерменија се наоѓа на 100. позиција, Лихтенштајн е на 178. позиција, а Гибралтар е на 198. позиција.

Врвот на оваа листа моментално го делат Белгија и Франција, а по нив следуваат Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Strugaonline

фото: архива

 

 

Facebook Коментари