Во првата половина од денот ќе биде сончево и топло со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и истокот од земјава. Уште подоладне, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување. Во следните три дена ќе има нагло намалување за десеттина степени, ќе биде сончево со умерена облачност и силен ветер.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари