Изложби и работилници во Музеј д-р Никола Незлобински-Струга во рамки на „Европски денови на културното наследство 2018“

- Локални
847

НУ.Музеј д-р Никола Незлобински на 03.10.2018г. ќе ја реализира патувачката изложба на Дороти Пачкова „Уште што друго сум,освен што сум канцер на општеството“ во галерија Ванѓел Коџоман, на 04.10.2018г. ќе биде отоврена изложбата во „Допир со минатото“ во спомен собата на Незлобински, а во тек е реализацијата на едукативната работилница на тема „Птици грабливки“ за учениците од локалните училишта.

Сите овие активности се во склоп на манифестацијата Европски денови на културното наследство за 2018 год во чии рамки и струшкиот музеј зема свое учество.

Одбележувањето на Европските денови на културното наследство (ЕДКН) на европско ниво започна во септември 1991 година, на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка на Европската Унија.

Република Македонија се приклучи кон ова одбележување од 1996 година. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство прераснаа во најголем европски проект поврзан со културното наследство. Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност и промоција на заедничкото културно наследство на сите европски земји. Во деновите на одбележување се организираат разни настани, промоции, отворања на изложби, едукативни предавања и други активности.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари