Пионерките на ЖРК Стружанка триумфално над гостите од Охрид за „4 од 4“!

- Локални, Спорт
1207

Пионерките на ЖРК Стружанка  забележаа многу важна победа над тимот на Сани 14 од Охрид.

Гостите започнаа супериорно на теренот каде што на самиот старт направија 1:7 резултат, но нашите ракометарки успеаа да се вратат во игра и на крај на првиот дел резултатот беше   6:7.  Во второто полувреме беше доста неизвесно на голот преку Ќушкоска и Ѓоќеска и  во нападот преку Дукоска и Голабоска проследени и од Переска, Переска и Ѓоршулеска. Неизвесноста заврши во полза на „Стружанка’ односно нашите ракометарки се изборија за победа со краен резултат од 19:17.

Со оваа победа пионерките цврсто се на првата позиција во групата пред ЖРК Винда со максимален учинок од четири победи во низа, тие наредниот викенд гостуваат на второласираната ЖРК Винда каде што со евентуална победа би го загарантирале местото во плеј-офот уште есенва.

Стрелци за ЖРК Стружанка на овој натпревар:

  1. Дукоска Теодора 10 погодоци
  2. Голабоска Марија 4 погодоци
  3. Кузманоска Павлина 2 погодоци
  4. Переска Тијана 2 погодоци
  5. Ѓоршулеска Роберта 1 погодок

Извор и фото: ЖРК Стружанка

Strugaonline

Facebook Коментари