Црвен крст на РМ, Општинска организација Струга денеска го одбележа 1- ви oктомври , Меѓународен ден на старите лица. Во просториите на ООЦК Струга гостуваа 40 стари лица, пензионери и преставници на Здруженија на пензионери. На средбата се разговараше за потребите и правата на лицата од трето доба како и подигнување на свеста на општествоно ниво за грижата за повозрасните лица.
Во склоп на денешното одбележување, Црвен крст – Струга ќе додели петнаесет хуманитарни пакети за стари и изнемоштени лица.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на стари лица традиционално се одржува во организација на Црвен крст-Струга во соработка со здружението и активот на жени.
Strugaonline
Facebook Коментари