Непријавени 500 парчиња анестезии и 1.350 пара ракавици пронајдени при конторола на автомобил на Ќафасан

- Локални
825
dav

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  анастезии, стерилни ракавици, очила со диоптер, врвки за очила, чај за слабеење, цигари, средства за потенција, облека, рибарски мрежи, технички производи, препарати за заштита на растенија, гасен пиштол, муниција за гасен пиштол, девизи и фалсификати.

Што се однесува до нашиот регион,  500 парчиња анестезии „Septodont – Septanest with adrenaline“ и 1.350 пара ракавици за еднократна употреба,се откриени при контрола на албански автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, се пријавиле тројца албански државјани. Непријавените производи, за кои се потребни посебни дозволи за увоз во Република Македонија, биле пронајдени во една кеса сместена позади возачкото седиште и една картонска кутија сместена во багажникот на возилото. Производите се привремено задржани, а против еден од патниците во возилото, кој се пријавил како сопственик на истите, ќе биде поведена соодветна постапка.

Strugaonline

 

Facebook Коментари